fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Министерот Николовски изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани

Градиме модерни системи за наводнување

Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно наводнување на земјоделските површини. Токму затоа изградбата на нови и реконструкцијата на постојните системи за наводнување е приоритетна кој како министерство посветено работиме сите овие години.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска при работните активности во Кочани изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани.

„Градиме модерни системи за наводнување, обезбедувајќи сигурно земјоделство. Браната Речани е еден од најзначајните капитални проекти што се гради во Кочанското Поле. Проект важен за земјдоелците, за граѓаните од овој регион“ истакна министерот Николовски.

На терен министерот Николовски имаше можност да присуствува на леењето бетон за влезната потална линија од тунелот. Браната Речани се гради на Оризарска Река и предвидува годишна акумулација од 22 милиони м3 вода, која ќе ги задоволи повеќе од една третина од земјоделските површини во овој регион, или наводнување за над 1.500 хектари земјоделско земјиште.

Овој капитален проект е започнат со градба во 2019 година, во вредност од 1,9 милијарди денари. Браната Речани претставува камено-насипна брана со височина од 80 метри, широка 10 метри и во основата долга близу 280 метри.

Покрај стабилно наводнување на земјоделските површини, изградбата на овој хидро систем обезбедува и квалитетно водоснабдување и чиста вода за пиење на граѓаните во регионот на Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Вложуваме во проекти од интерес на земјоделците и граѓаните, развивајќи го македонското земјоделство. Обезбедуваме можност повеќе за сите земјоделци.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close