fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Се повеќе се краде земјоделска механизација

Руралниот криминал цвета, а скапата земјоделска машинерија систематски се транспортира во Источна Европа

И додека земјоделците во многу српски села со години се жалат на кражба на добиток, месо, овошје и грозје, оваа неволја не ги заобиколува другите, поразвиени европски земји и е е речиси на ниво на организиран криминал- пишува Политика.
Неодамна, Британскиот национален сојуз на земјоделци објави дека руралниот криминал во Англија е во пораст во последно време. Се известува дека бандите сè повеќе ги таргетираат руралните области бидејќи се изолирани и помалку следени. Овие криминалци користат напредна технологија како што се дронови, GPS тракери и очила за ноќно гледање за да извидуваат фарми и да следат вредна опрема, објавува Agronews.
По кражбата на машини или делови од возила, GPS системи и алатки, стоката честопати брзо се преместува во странство, особено во Источна Европа. Скапата земјоделска механизација е главната цел.

Кражбата на гориво, добиток, па дури и кражбата на кучиња (особено работни кучиња) се исто така честа појава. Националниот сојуз на земјоделци вели дека многу земјоделци се чувствуваат како да се „под опсада“. Некои од нив почнаа да формираат групи за набљудување на заедницата и инвестираат многу во безбедносни системи, иако тоа се дополнителни трошоци.
Полицијата во руралните средини честопати нема ресурси, има долго време на реакција и ограничени патроли. Некои полициски сили создадоа наменски единици за рурален криминал, а има и зголемена соработка со групи како што е „Фарм Воч“. Тие исто така бараат построги казни и подобро следење на украдените машини. Според извештаите, како што е годишниот Извештај за рурален криминал, вкупните трошоци во Велика Британија се десетици милиони фунти годишно, објави Слободен печат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close