fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаМакедонијаМеханизацијаРурален туризамТоп вести

„Синпекс Битола“ со изложбен штанд на Фестивалот на жетвата во Новаци

Добредојде за нашите земјоделци! Овој фестивал е дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, содржи и едукативен и изложбен дел, односно присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна, винарии и сл“, информираат од Општина Новаци.

Синпекс Битола и годинава е изложувач на земјоделска механизација на „Фестивалот на жетвата во Новаци – 2023“,. Синпекс Битола, која е застапник за тракторите Тафе и Џон Дир, е вклучен во  дводневниот хепенинг каде покрај забавен се одружува и едукативен и изложен дел. Фестивалот е во реализација на Општина Новаци, а се одружува во дворот на манастриската црква „Рождество на Пресвета Богородица“

“Фестивалот на жетвата” е манифестација која втора година се одржува во општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Токму затоа сакаме да ја афирмираме општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата. Овој фестивал е дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, содржи и едукативен и изложбен дел, односно присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација,
препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна,
винарии “, информираат од Општина Новаци.

Тимот на Синпекс Битола е подготвен да ви презентира и да ве упати во предностите и преформансите на брендовите кои ги застапува. Затоа земјоделци издвоите време и бидете дел од овој настан, добредојдени сте!

„Радост и гордост е да се има ваков тим за кој нема пречка во исполнување на работните задачи и покрај високите температури. Слободното време посветено на работата … и се со насмевка. Еве заради кој и зошто не е случаен текстот на нашите маички БРЧИ СИ СО НАСМЕВКА!“, велат од компанијата и ве покануваат на штандот на Синпекс Битола. https://www.sinpeks-shop.mk/

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close