fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Претреси во битолско Канино, пронајдено оружје, приведени две лица

Полициски службеници од СВР Битола денеска ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од битолското село Канино поради сомнение за сторено кривично дело.

Како што соопшти МВР, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола биле пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.

При претрес во домот на Т.Г.(51) од село Канино пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close