fbpx
Вести

Завршуваат дел од огласите за закуп на државно земјоделско земјиште

Денес завршува  постапката за доставување понуди за добивање во закуп на земјоделско земјиште согласно објавениот јавен повик во април оваа година кој се однесува на подигнати долгогодишни насади, информираше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

zavrshuvaat del od oglasite za zakup na drzhavno zemjodelsko zemjishte

 

– Отворањето ќе биде на 25 мај за сите доставени понуди. Целта на објавениот повик е сите кои имаат подигнато долгогодишни насади на државно земјиште на максимална површина до 30 хектари да достават понуда која е прифатлива и согласно објавените услови за 33 региони во Македонија да изработат соодветни елаборати. Условот е насадите да не бидат помлади од пет години, појасни Костадиновски.

Потсети дека во 2015 година се објави повик за легализација на земјоделско земјиште и од тој повик склучени се 648 договори за површина од 700 хектари, како и за огласот до три хектари за кој се склучени 300 договори за површина од 400 хектари државно земјиште.

– Овој повик, кој е објавен за површини над три хектари со максимална површина до 30 хектари, е прв во серијата за кој што истекува рокот за доставување на понудите, истакна Костадиновски.

Информира дека во тек се огласи за околу 4.400 хектари од кој 2.200 се за комерцијална намена и се за површини над три хектари каде што покрај намената одредена за одгледување на едногодишни култури инвеститорите треба да предвидат изградба на капацитети како објекти за примарна обработка на земјоделско производство, во вредност од  пет милиони и четиристотини илјади евра. Рокот на комерцијалниот оглас е 23 мај. За останатите 2.200 хектари кои се без посебна намена за земјоделците во пет региони огласот трае до 25 мај оваа година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close