fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

ЦРНА ЕКОЛОШКА ТОЧКА: Во тетовска Пена плива многу ѓубре и по некоја риба

За тетовската река Пена најчеста карактеристика е дека претставува црна еколошка точка со многуте фрлени отпадоци, градежен шут и цврст отпад. Но од друга страна малкумина тетовци познавајќи го нејзиниот потенцијал од пред повеќе децении, се уште преку риболов се обидуваат да ја исползуваат нешто од големата природна вредност.

Пред повеќе децении реката претставувала вистинско богатство, особено делот од речното корито надвор од градот во правец кон месноста Бањиче. Тој предел бил користен дури за капење и пливање, како и за риболов.

-Летните месеци јули и август масовно се капеле луѓето во Пена. Чистата, бистра и ладна вода за секого беше освежување, но со текот на годините сето тоа се смени. Ако порано ретко кој не се капел, сега ретко кој се осмелува да влезе во Пена, се смета за загадена и чести се периодите кога нема доволно вода. Сега само малкумина се охрабруваат да го искористат природниот потенцијал на реката со ловење риба, а сосема ретки се прошетките по запоставениот речен кеј, што, исто така, е полн со отпадоци, објаснуваат повозрасните жители на Тетово.

Миле Карапетров е меѓу ретките во Тетово кој на оваа река се обидува да рибари. При нашата средба за само десетина минути, овој средовечен човек сепак успеа да ја фати првата риба.

-Фатив пастрмка, кога има вода во реката не е проблем да се фати риба. Во најдобрите периоди кога има вода во река Пена сум фаќал десетина риби. Тоа ми се случи есеноска, ја чистеа реката, а водата беше бистра и имаше високо ниво, објаснува Миле.

Според сознанијата на риболовните друштва во Тетовско, во река Пена освен речната поточна пастрмка се наоѓаат и кркушки.

Целиот текст може да го прочитате Тука.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close