fbpx
Вести

„Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

grozje

Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, речиси еден месец пред крајниот законски рок, заврши со исплата на средствата за откупеното грозје од последната берба.

Заклучно со денеска, исплатени се средствата на лозарите при што постигната е средна цена од над 16 денари, а максимална од над 22 денари за килограм квалитетно грозје.

Според генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, редовната исплата, како и постигнатите цени за килограм грозје кои се поголеми од препорачаните цени, се заради високиот квалитет на грозјето. Тие се, се посопчува, и показател за стратешкиот пристап што го има компанијата во градењето партнерскиот однос со лозарите што е предуслов за производство на вина со врвен квалитет кои ќе бидат конкурентни на светски вински пазари.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close