
PROANALİZ е лабораторија кој е формирана со цел да им излезе во пресрет и на производителите и на консумените на храна. Лабораторијата се наоѓа во Струмица. Станува збор за турска инвестиција со што познатиот бренд на лаборатории PROANALİZ стигна и во нашата земја. Станува збор за лабораторија опремена со најсовремена апаратура и по сите стандарди и стручен кадар задолжен да извршува најразлични анализи.
Безбедна храна е основа за здрав живот, ова е мотото под кое течат сите активности во лабораторијата. Производството на здрава храна е од големо значење за човештвото. Во трката за производство на што поголемо количество на храна често производителите применуваат најразлични хемиски средства. Оттаму од големо значење е изработувањето на најразлични хемиски анализи.
Лабораторијата PROANALİZ обезбедува услуги за анализа на храна, вода и почва. Во Р.Македонија е акредитирана за анализа на храна, вода и почва од страна на Македонското тело за акредитација (ИАРМ) под ISO 17025 лабораториска акредитација.
| Имајќи ја предвид важноста на безбедноста на храната за сите генерации PROANALİZ врши микробиолошка анализа на храна и вода. Во рамките на оваа анализа се испитуваат:
Listeria monocytogenes |
||||
| Salmonella spp. | ||||
| Вкупен број на микроорганизми (аеробни бактерии) | ||||
| E.coli | ||||
| Колиформни бактерии | ||||
| E.coli O157 | ||||
| Позитивни стафилококи (Staphilococcus aureus и други видови)
Анализата на почвата е од големо значење за ефикасно и квалитетно производство. Во лабораторија се прават анализи со најсовремени инструменти и се даваат совети за ѓубрење од експерти по оваа област. Без вода нема живот. Со подеднаква важност во лабораторијата PROANALİZ се пристапува и кон анализата на водата. Стручен персонал со помош на најсовремена опрема врши микробиолошки и хемиски анализи во водата. Се испитуваат:
|




