fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Над 650 пријави за штета од мразот кај праските, кајсиите и црешите во Росоман и Градско

Дел од овоштарите се песимисти дека ќе бидат обесштетени и не се пријавиле кај надлежната комисија .

Над 650 овоштари пријавиле оштетување на родот во Градско и Росоман до надлежните комисии, Најмногу, 570 пријави, до Општинската комисија за штети од пролетни ниски утрински температури стигнале од Општина Росоман. Во Општина Градско  77 овоштари пријавиле насади кои се уништени до мразот.

Пролетните мразови го уништија родот на овошките кои беа во фаза на цветање. Бројките покажуваат дека најголемиот одгледувач на праски и кајсии во земјава, регионот на Росоман, годинава има големи штети.

„Ова е голема бројка, што укажува дека родот е уништен кај голем број овоштари. Праска, кајсија, цреша ќе има многу малку род, од повисоките делови во општината каде цветот уште беше во рана фаза. Осигурителните компании не осигуруваат од штета од мраз, така што сме оставени на природата“, вели овоштар од Росоман.

И покрај штетите и реакциите од овошарите во Општина Чашка и Општина Велес, тие не пријавиле до надлежните комисии. Дел од одгледувачите се песимисти дека ќе бидат обесштетени и не се пријавиле. Посочуваат примери од минатото, кога не добиле надомест.

„Кога пред десетина години исто фати мраз, ни ветија дека ќе не обесштетат да не плаќаме водна заедница за наводнување. Не плаќавме, но по некое време стасаа сметки и по толку време нè дадоа на суд, даден сум на извршител за долг од неплатени сметки. Уште не сме обесштетени од сушата во летото 2023 година која настана поради хаваријата на водоснабдителниот систем Макарија“,  вели друг овоштар од Росоман.

Извор https://sdk.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close