fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Прва средба на Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс

На првата средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс беше потврдена стратешката определба на двете пријателски земји и сојузници во НATO Алијансата, да оддржуваат блиски односи на соработка за унапредување на земјоделството како една од најважните гранки на економијата во нашата земја.
Министерот Хоџа ги истакна главните приоритети во новата стратегија за земјоделство и рурален развој, особено во прилагодувањето на легислативата и стандардите со ЕУ.
Амбасадорката Брнс истакна дека ја поддржува Република Северна Македонија во напорите за пристапување кон ЕУ и смета дека започнувањето на преговорите се добри за развојот и иднината на земјата, а САД ќе продолжат да бидат сојузници во реализирање на заеднички инвестиции за јакнење на приватниот сектор. Во идниот период од особен интерес ќе бидат проектите во шумарството за спречување на нелегална сеча и сузбивање на илегална трговија со диви животни.
На состанокот присуствуваше и Претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, Ерик Јановски до кого Министерот упати голема благодарност за досегашната поддршка што ја обезбедува УСАИД преку бројни проекти за поддршка на приватните бизниси во земјоделскиот сектор.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close