Вести

Земјоделците од Кривопаланечко најзаинтересирани за набавка на механизација со ИПАРД 2

ipard

Земјоделците од Кривопаланечко и регионот на општина Ранковце досега најмногу аплицирале за искористување средства од ИПАРД 2 за набавка на земјдоелска механизација.

– Сите досега поднесени барања до првиот рок, 23 јуни, се однесуваат на земјоделска механизација со оглед дека претходната година немаа таква можност. Од двете општини до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се поднесени пет барања, а се очекува до крајот на рокот, кој беше продолжен, заклучно со 21 месецов, да бидат поднесени уште, информира Влатко Ристовски, советник во канцеларијата на Агенција за поттикнување и развој на земјоделството (АПРЗ) – Крива Паланка.

Финансиските средства од ИПАРД 2 се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.

– За сите информации кои им се потребни на земјоделците, за условите и начинот на апликација, можат да се обратат до Подрачната канцеларија на АПРЗ во Крива Паланка, секој работен ден, како и во општина Ранковце. Во секој случај, интересот на земјоделците за мерките од програмата е поголем во однос на лани, кога имало помалку апликации, додаде Ристовски.

За мерките од ИПАРД 2 може да аплицираат сите индивидуални земјоделци, со услов да имаат осигурување по кој било основ, средно образование и да достават одредени административни документи за кои можат подетално да се информираат и во АПРЗ, како и во Подрачната единица на МЗШВ – Крива Паланка.


 

а1он

Поврзани новости

Back to top button
betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom