fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите револтирани на политичарите-Решете го проблемот со субвенциите!!

Тутунарите си ги бараат субвенциите!

 

Реакција на пресот на пратеникот Миле Талески од новоформираните тутунски здруженија

Почитуван пратеник Миле Талески

Како пратеник од општина Прилеп и прилепско ние тутунарите слушајќи го денес вашиот прес посветен за пречките околу исплатата на субвенциите за тутун, освен политиканство и празни муабети од типот ‘бегалецот Груевски’, ‘безидејниот Мицкоски’,’неуспешните градоначалници на ВМРО’ не ги слушнавме пречките и причините кои ја кочат исплатата на субвенциите за тутунот. Двата услови кои ги наброивте се безпредметни.

Тутунарите не подлежат на придонеси како тутунари и персоналниот данок е задржан на пресметка за исплата на тутун. Имено со субвенциите кај тутунот се е јасно: исплата по кгр. пресметано од откупувачите по класи и цена, персонален данок задржан и уплатен и евидентиран во УЈП.

Затоа во иднина кога ќе држите прес за тутунарите, нека биде наменет за тутунарите, бидејќи ние ве плаќаме да решавате проблеми, а не да ни држите предавање кој е виновен, како ВМРО кочи, а СДСМ бил и се грижел за земјоделците. Од вашата грижа субвенции не можеме да земеме!. Кога ве слушаме на пресови како ни ‘цвета земјоделието’, човек ќе помисли дека земјоделците се најбогатата категорија на работници во државата. А во реалноста тешко на земјоделците од вас и вашите земјоделски политики, нема земјоделец кој е задоволен од пласманот на било кој земјоделски производ во државата,освен оние од ‘фамилијата’ кои лапаат милионски грантови во евра. Затоа тутунарите ве прашуваат конкретно и директно кога ќе се исплатат субвенциите за тутун кои се предвидени за исплата според програмата за дирекни плаќања во месец март? А само за потсетување сега сме месец мај, стои во рекацијата на тутунарите!

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close