fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски во работна посета на Кочани

Техничкиот министер Трипуновски имаше средба со земјоделци од регионот на која се разговараше за состојбите со производството, откупот и пласманот на оризот.

Техничкиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски попладнево оствари работна посета на општина Кочани.

-Ја посетив компанијата Екстра Фунги која постои од 1988 година на кои примарната дејност им е откуп и преработка на печурки, но во изминатиов период го имаат зголемено капацитетот и сега освен печурки преработуваат и овошје и зеленчук.

Во Македонија се потребни повеќе капацитети како Екстра Фунги бидејќи Македонија изобилува со можности за здрава храна и е со претензии да биде една од најголемите земји извозник на храна, а во последниве 7 години катастрофалните аграрни политики на СДС го натераа македонскиот земјоделец да го остави земјоделството како примрарна дејност и со тоа Република Македонија стана увозно зависна држава.
Сето ова мора да се промени, да го вратиме македонското земјоделство на вистинскиот пат и најважно е да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец, објави Трипуновски.
Накрај се сретна со земјоделци во Облешево.

-Повторно ги слушнав истите проблеми што се провлекуваат изминативе години во овој регион, негрижата на АД Водостопанство за каналите, недостатокот на вода, доцнењето со исплата на субвенции, ниската откупна цена, немањето на пласман и сите оние други проблеми кои што ги мачат земјоделците ширум Република Македонија.

Наскоро доаѓаат подобри времиња и ќе се започне со решавање на сите проблеми во секторот земјоделство, заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close