fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и многу топло, попладне во источните делови дожд, грмежи и ветер

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 степени

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 33 степени.

Во следните денови ќе продолжи сончевото и натпросечно топло време. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме со појава на град. Во недела, дневната температура ќе се намали за неколку степени, информираат од УХМР.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close