fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Премиерот Мицкоски – Владата почна редовно да ги исплаќа субвенциите

Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека веќе се исплатени старите долгови кон земјоделците и веќе тековно се сервисира обврските кон нив.

Владата во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Направен голем чекор и  со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај.

-Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците – рече Мицкоски.

Тој информира дека од годинава владата почна тековно да ги сервисира обврските кон земјоделците бидејќи се отплатени старите долгови.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close