fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поскапуваат цигарите, несогорливите тутунски производи

Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија

Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари поскапуваат од петок, кога стапуваат во сила измените на Законот за акцизите. Собранието ги усвои овие измени минатата недела на 3 октомври.

Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

„По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: Член 84-а: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина”, наведено е во законските измени.

Дополнително, со усвоените измени, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче. Ваква законска одредба имаше и досега, но таа истекуваше годинава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close