fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и многу топло од утре нестабилно

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-10 Берово, 12 Тетово, Лазарополе, Битола, 13 Струмица, 14 Маврови Анови, Попова Шапка, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Прилеп, Охрид, Демир Капија, 15 Велес, Штип, 16 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Куманово, Кавадарци, 17 Крушево, 18 Виница, Дојран.

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер.

Можно е да е слика од одрезок од билет, нацрт и текст

Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне за неколку степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close