fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Временските услови ги поматуваат сметките на земјоделците, болести ќе ги нападнат житата и лозјата

Агрономот Радован Шкиљевиќ објаснува дека поради неповолните временски услови, болести ќе ги нападнат житариците и лозјата, на кои треба да им се обрне повеќе внимание и нив земјоделците треба да ги заштитат со соодветни препарати.

Дожд и пониски температури од вообичаеното имаме перидов и ова не им оди во прилог на земјоделците. Дел од земјоделската работа на македонските полиња ќе биде одложена.

Агрономот Радован Шкиљевиќ објаснува дека поради неповолните временски услови, болести ќе ги нападнат житариците и лозјата, на кои треба да им се обрне повеќе внимание и нив земјоделците треба да ги заштитат со соодветни препарати.

„Се развиваат болести кај житата, а поради големи количини на дожд и ветер имаме полегнување на житариците. Лозјата при вакви услови се склони на болести и треба да се заштитат. Ќе има одлагање на земјоделската работа на отворено, садење на пипер и други култури. Далеку сме од тоа да кажеме дека оваа година ќе биде погодна за земјоделството. Вакво време не сме имале последниве години“, вели агрономот.

Тој објаснува дека поради временските услови, но и поради тоа што нема да има засејување на облаци за заштита од град, поради тоа што не се набавени реагенси поради војната во Украина, родот годинава веројатно нема да има добри резултати.

Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион вели дека градинарските култури ќе трпат штети и ако временските услови и натаму бидат неповолни, тоа ќе биде поразително за нив. Ќе се одрази со мал род и ќе треба многу повеќе да се ангажираат за заштита на културите. Велков додава дека промената на климата е непријател број еден за нивната дејност.

„Јас 40 години се занимавам со земјоделство и вакво време не паметам да имало. Луѓето веќе садат индустриска пиперка и тутун на отворено. Во струмичко грав не се сади многу, туку оние кои го садат, тоа е најчесто за нивни потреби. Градинарските култури ќе имаат штети, дури и оние кои се под најлон, затоа што сега имаме влага и во комбинација со топлина, кога температурите ќе се покачат, тоа води кон развој на болести. Ќе треба еднаш неделно да се заштитуваат насадите. Многу е важно дали претходно се преземени мерки за заштита. Бидејќи ќе има развој на штетници, не е само да се прска, туку земјоделците треба да знаат со што да прскаат, со кои препарати, а можат да користат и органски, но тие се поскапи“, рече Велков.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close