
Почна пролетната сеидба на житни и индустриски култури во Пелагонија
Оваа пролет во битолскиот дел на Пелагонија планирано е да се посејат 5.200 хектари со житни култури. Пролетната сеидба почна и досега посадени се 800 хектари со пченка. Според планот, земјоделците треба да посејат и индустриски култури кои ќе бидат на површина од 8.400 хектари, а од нив 2.100 хектари ќе бидат со сончоглед. Важно е земјоделците да не заборават дека важноста на картичките за набавка на „зелена нафта“ истекува за неколку денови, односно треба да ги искористат најдоцна до 30 април – нагласи Христовски.
Пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во тек, а во фокусот на земјоделците се житните и индустриските култури.
Во изјава за МИА, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стојан Христовски, истакна дека земјоделците најдоцна до 30 април треба да ги искористат доделените картички за набавка на т.н. „зелена нафта“.
– Оваа пролет во битолскиот дел на Пелагонија планирано е да се посејат 5.200 хектари со житни култури. Пролетната сеидба почна и досега посадени се 800 хектари со пченка. Според планот, земјоделците треба да посејат и индустриски култури кои ќе бидат на површина од 8.400 хектари, а од нив 2.100 хектари ќе бидат со сончоглед. Важно е земјоделците да не заборават дека важноста на картичките за набавка на „зелена нафта“ истекува за неколку денови, односно треба да ги искористат најдоцна до 30 април – нагласи Христовски.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола потврдија дека над 90 насто од земјоделците подигнале картички за „зелена нафта“ чија употреба завршува на крајот од овој месец.



