ВестиМакедонијаТоп вести

В понеделник јавна дебата „Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици“

В понеделник јавна дебата „Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици“

 

„Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици“ е темата на јавната дебата што ја организира “  ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола  в понеделник 27 јануари со почеток од 12 часот. Дебата ја организира во рамки на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“. Јавната дебата ќе се одржи во канцелариите на Зелена берза на ул. Воден бр.17 Битола. Настанот финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Воспоставувањето на еднакви можности и услови по родова основа е неопходно за создавање  на одржлив развој на руралните средини. Целосната вклученост на жените е од особено значење во воспоставувањето на одржлива социјална структура на руралните заедници и ревитализација на локалната економија.

Жените може да бидат во првите редови на иновациите и диверзификацијата  во руралните области преку развој на нови активности, производи и услуги

Придонесот на жените во руралната економија може да се промовира преку само вработување и мал бизнис.

Руралната жена може да биде лидер на руралната економија.

 

П.Ј.

 

Поврзани новости

Back to top button
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom