fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Каракашев – Субвенцијата треба да се дава по единица производ, а не по единица површина

Субвенциите треба да бидат поврзани со годишното производство од одредена култура, односно, да бидат условени со производството на одредени количини од одреден производ.

Македонија станува сѐ повеќе увозно зависна од храна, а тоа го покажуваат и статистичките податоци, според кои за 10 години за увоз на храна се потрошени 6,67 милијарди евра. Земјата располага со повеќе од половина милион хектари обработливо земјиште, од кое голем дел не се обработува.

Од Националната земјоделска мрежа сметаат дека треба да се утврдат приоритетите, односно, да се утврди кои гранки и кои сектори се најпрофитабилни и најбрзо испорачуваат резултати.

– Субвенциите треба да бидат поврзани со годишното производство од одредена култура, односно, да бидат условени со производството на одредени количини од одреден производ. Не може да се даваат субвенции за производство на домати, а да увезуваме домати од Албанија. Поради тоа, субвенциите треба да се даваат по единица производ, а не по единица површина. Друга работа е што државното земјоделско земјиште се дава под закуп на лица кои не се земјоделци, што е спротивно на Законот за земјоделско земјиште, а концесионерите го користат правото на субвенции без притоа да има реални количини произведени земјоделски производи. Ако постојниот модел даваше вистински резултати, Македонија денес ќе имаше поголемо производство на храна и ќе можеше да влијае врз инфлацијата – изјави за весникот ВЕЧЕР Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close