
Агро бизнисВестиМакедонија
Во пожар во село Бучин изгореа 500 низи тутун и пластеник со зеленчук
С.Д.(45) од село Бучин пријавил дека бил предизвикан пожар во близина на неговата парцела во село Бучин
СВР Битола информира дека во пожар во село Бучин, крушевско биле зафатени 500 низи со тутун и пластеник со зеленчук.
-На 11.08.2025 во Полициска станица Крушево, С.Д.(45) од село Бучин
пријавил дека бил предизвикан пожар во близина на неговата парцела во село
Бучин, кој се проширил и ја зафатил неговата парцела, по што изгореле околу
500 низи тутун и пластеник во кој имало насадено зеленчук. Пожарот бил
изгаснат, а повредени лица нема. Се работи на расчистување на настанот