fbpx
ВестиМакедонија

Денес почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите и деталите за шестиот антикризен пакет

Се прават и последните калкулации за отпис на камати за долгови постори од три месеци, се собираат информациите од сите јавни претрпијатија на централно и локално ниво и се прави законското решение.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најави дека од денес почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите, а на прес-конференција Владата ќе го соопшти и новиот, шести пакет кој тој го нарекува, како што нагласи, „пет плус”. Најавена ќе биде и операционализацијата на мерката од Развојната банка за бескаматните кредити.

Мерката што денес ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри Битиќи, е поддршка на пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени. Тоа значи, како што објасни, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

Се прават, додаде Битиќи, и последните калкулации за отпис на камати за долгови постори од три месеци, се собираат информациите од сите јавни претрпијатија на централно и локално ниво и се прави законското решение. По вчерашниот ден, Битиќи се надева, како што истакна, дека нема да има слични сиитуации и дека секој економски закон ќе се изгласа во најбрз рок.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close