fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Препорачано за садење: Три растенија кои го намалуваат стресот и вознемиреноста

Сите возрасни лица  кои носат одговорност во  било кој аспект од животот, доживеале стрес. Времето поминато во природа на отворено, а особено во вашата градина, е најдобриот начини за релаксација. Уживањето во звуците на природата, гледањето растенија како растат и напредуваат, апсорбирањето на боите и мирисите наоколу  може да ни помогне поинаку да реагираме на животните грижи.

Самите растенија може да ни дадат олеснување. Еден од аспектите на одгледување на ароматични билки не е само нивната арома, туку и нивните лековити својства.

Многу од овие растенија се лесни за одгледување, а нивните придобивки за нашето тело се рефлектираат во ублажување на вообичаените заболувања, вклучувајќи стрес и вознемиреност.

Овие  три растенија ви ги  препорачуваме да ги вклучите во планот за садење за следната сезона , а истите  може да се комбинираат во релаксирачки чај.

.

  1. Германска камилица

Оваа прекрасна, брзорастечка билка е идеална за одгледување во саксии и е една од најстарите лековити растенија во светот. Камилицата е едногодишно растение и може да се шири. Ако ја  садите  прв пат, треба да знаете дека семето бара сончева светлина, односно не треба да го покривате со земја.

Цветовите од камилица делуваат како природен седатив кој ни помага да имаме добар сон. Чајот  може да се подготви од суви цветови, а најдобро е да се пие пред спиење. Исто така, има смирувачки ефект во кое било време од денот.

  1. Босилек

Босилекот во потоплите региони може да се одгледува како повеќегодишно, а во студена и умерена клима како едногодишно растение.

Оваа билка во билен чај дава смирувачки ефект кој го намалува стресот и заморот на надбубрежните жлезди. Чајот се подготвува како и секој друг. Во зовриена вода , додадете неколку свежи листови од босилек или 1 лажичка сушени лисја. Чајот од босилек помага и при варење,на храната нè смирува, ги намалува напнатоста и стресот. Покрај тоа, тој е одличен за нашиот имунитет, бидејќи е силен антиоксиданс кој има антибактериски, антивирусни и антифунгални својства.

  1. Матичњак

Ова  е растение со суптилна и освежувачка арома на лимон. Исклучително лесно е да се одгледува во саксии. Го зголемува расположението и се користи за намалување на стресот, подобрување на сонот, но и за ублажување на болката и непријатноста поради проблеми со варење на храната.

Ако користите свежи лисја, потребно е да ги соберете непосредно пред да ви требаат, за да уживате во целосната арома. Ова е затоа што матичњакот има испарливи есенцијални масла кои брзо исчезнуваат.

Дополнителни совети

Најдобро е да се соберат свежи лисја од ароматични и лековити билки непосредно пред подготовката на чајот, и за максимален вкус. Сувите билки треба да се чуваат на ладно и темно место во затворен сад.

Што се однесува до количината на билките за правење чај, употребите една лажичка сушени или едно гранче свежи лисја по лице. Големината можете да ја прилагодите според вашиот вкус.

Уживањето во чаевите значи и уживање во мирисите на есенцијални масла кои доаѓаат од чашата, бидејќи токму мирисите помагаат да се активира чувството на виталност и благосостојба.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close