fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Почитување на протоколите за превенција од „Ковид 19“, апелира АФПЗРР

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на услугите на Агенцијата дека работното време со странки е од 09 : 00 до 14 : 00 часот секој работен ден.

Во согласност со мерките за заштита и превенција од „Ковид 19“ и во насока на остварување на правото за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се молат сите странки кога ќе доаѓаат во Агенцијата да ги почитуваат утврдените протоколи за превенција кои се дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести.

Апелираме, сите корисници кои имаат потреба да дојдат во АФПЗРР, на себе задолжително да имаат заштитна маска, а при влез во институцијата да извршат дезинфекција на раце и мерење на телесна температура.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close