
Агро бизнисВестиТоп вести
Договорот помеѓу откупувачите и овоштарите за индустриското јаболко треба да биде праведен за двете страни, вели Трипуновски
Трипуновски во Ресен со земјоделците и откупувачите разговараше за откупот на индустриско јаболко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во општина Ресен оствари средба со земјоделците и откупувачите, на која разговараа за откупот на индустриско јаболко.
На средбата министерот истакна дека земјоделците се приоритет на Владата и нивните интереси ќе бидат заштитени.
„Договорот помеѓу откупувачите и земјоделците треба да биде транспарентен и праведен за двете страни. Ќе продолжиме да работиме заедно за развој на земјоделскиот сектор“, истакна министерот Трипуновски.