Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Серафимовски се сретна со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци

Програмите за директни плаќања за наредната година почнуваме да ги подготвуваме порано за да имаме доволно време, низ дијалог со сите учесници во секторот, заеднички да ја утврдиме поддршката.

Програмите за директни плаќања за наредната година почнуваме да ги подготвуваме порано за да имаме доволно време, низ дијалог со сите учесници во секторот, заеднички да ја утврдиме поддршката, вели министерот Борче Серафимовски по средбата со одгледувачи на овци.

 

-Транспарентноста во креирањето на мерките за поддршка на земјоделството е принцип по кој се раководам и затоа денес одржав работна средба со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци.
Програмите за директни плаќања за наредната година почнуваме да ги подготвуваме порано за да имаме доволно време, низ дијалог со сите учесници во секторот, заеднички да ја утврдиме поддршката.
Искрено го почитувам искуството на одгледувачите, чиј труд и знаење се препознаваат во квалитетот на македонското јагнешко месо, овчото млеко и сирењето. Верувам дека со добра волја да се сослушаме и да работиме заедно, можеме да дојдеме до одржливи решенија за сточарството, објави министерот Борче Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button