fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Дарко Секулевски-Нов трактор и планови за подобро утре

-Кога дојдов во Синпекс првичната идеја ми беше поинаква, но ги прифатив сугестиите на вработените. Прво сакав да земам трактор без кабина, тука кога дојдов и кога се запознав со условите за плаќање ја сменив одлуката. Не е секогаш сè во цената, туку треба да се направи правилен избор,вели овој млад земјоделец.

Дарко Секулевски (23) од селото Подино, Општина Могила ја имаше таа можност дома да си замине со нов трактор од брендот John Deere. Ги искористи поволностите  во Синпекс – Битола за купување на рати со кредит одобрен од Прокредит банка. Како и многу млади растел опколен со сè она што значи земјоделска работа. Од мал гледал, работел и учел што значи живот на село, да работи и да заработи. Она што некогаш можеби му било детска игра да оди со татко му на трактор да ора, сега е реалност што значи егзистенција и бизнис.

-Од мал сум на село и работам. Не е тешко да се работи земјоделие. Имам завршено средно Техничко училиште , но се фокусирав на  земјоделието. Сите работиме, тоа е наше секојдневие на кое сме навикнати во моето семејство. Затоа не ми беше тешко да донесам одлука да продолжам да се занимавам со земјоделска дејност, вели за Зелена берза, Дарко.

Начинот на работа некогаш и денес не е ист. Секако дека  упорноста и желбата да се постигне нешто се многу важни, но земјоделците стануваат свесни дека за  добри резултати потребно е да се располага со соодветна механизација.

-Имаме трактор и разновидна приклучна механизација, но имавме потреба за помоќен трактор за да можеме работите полесно да ги извршуваме. Прокредит банка ги поддржува младите земјоделци, а вработените во Синпекс  ми помогнаа да направам правилен избор и сега да имам трактор John Deere 3050В со 50КС. Со помош на овој трактор ќе  ни се олесни обработката на 15  хектари земја кои ги обработуваме за нашите потреби, објаснува Дарко.

Семејството Секулевски се занимава со сточарство и за потребите на десетте крави одгледуваат пченица и  пченка. Садат и тутун, а селска куќа без бавча не ја бива, нешто за дома, а останатото за продавање. Млекото од кравите го откупува битолската млекара Бимилк од чија соработка се задоволни, но сметаат дека  цената на млекото може да биде повисока. Сепак и покрај цела тежина во земјоделието планира да продолжи и понатаму да се занимава со тоа.

-За сега најмногу се исплаќа производството на тутун. Оваа сезона имавме произведено 1,5 тони  тутун и задоволни сме, така што планираме да ги зголемиме површините под тутун. Работиме сите во семејството, татко ми, мајка ми,  јас и брат ми.Со стоката е малку потешко за сега бројот на грла ќе остане онака како што е, вели Дарко.

Овој млад земјоделец е задоволен од соработката со Синпекс.

-Кога дојдов во Синпекс првичната идеја ми беше поинаква, но ги прифатив сугестиите на вработените. Прво сакав да земам трактор без кабина, тука кога дојдов и кога се запознав со условите за плаќање  ја сменив одлуката. Не е секогаш сè во цената, туку треба да се направи правилен избор, вели Дарко.

 

 

Павлина Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close