fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар

Како што е познато, големиот пожар на отворено, што се случи летово, на 11 јули предизвика оштетувања на јаболковите насади, пчелни семејства и други корисни површини во тој дел на Преспа.

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожарот кој зафати делови од преспанските села Долно Перово, Прељубје и Покрвеник.

Како што е познато, големиот пожар на отворено, што се случи летово, на 11 јули предизвика оштетувања на јаболковите насади, пчелни семејства и други корисни површини во тој дел на Преспа.

-Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на општината и покрај  барањето, секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави дополнителна документација поврзана со имотот и сопственоста, бројот на пчелни семејства, број на стебла и видот на културата што се одгледувала, старост во години на стеблата и други подаоци, информираа од Општина Ресен.

Пријавувањето на штетите завршува на 23 септември, а потоа стручна општинска комисија ќе изврши проценка за надомест на штета од природни непогоди и други несреќи, односно пожар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close