fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Нова реколта- стара песна, кучињата лаат караванот си врви!

Игор Мирчески со критика за состојбите во тутунопроизводството

Нова реколта- стара песна , кучињата лаат караванот си врви.

 

Иако откупот на тутун од оваа реколта одамна е завршен поради недоволно произведените количини, поради лошите политики на државата во оваа гранка и проблемите кои години наназат ги пратат тутунарите, сепак според Законот за тутун тој ќе трае до крај на февруари.

Овој така речи лабав период до новата реколта, Министерот наместо да го искористи за средби со откупувачите и да договори со нив поткренување на цените на класите во однос на двоцифрената инфлација, тој овој период го користи да даде што повеќе манипулативни изјави за тоа колку се задоволни тутунопроизводителите и колку успешна реколта сме имале, иако бројките го демантираат, бидејќи имаме со милиони килограми помалку од ДОГОВОРЕНИТЕ количини, а просечната откупна цена од 290 денари можеби убаво звучи за некој кој не ја разбира оваа проблематика и му служи на министерот само како адут за да се употребува фразата „историски највисока цена“, притоа заборавајќи да спомне дека веќе неколку години МЗШВ не ја објавува и просечната производна цена која исто така во оваа реколта е историски највисока од 240 денари по произведен килограм.

Исто лабаво во овој меѓу период е и Сојузот на Менде Стомнароски кој е на слатки, но тешки маки како да ги распредели неколку стотините илјади евра како награда за  „добро завршена работа во заштита на тутунарите“, при тоа заборавајќи ги сите оние на кои тутунот им се откупи во пониски класи и не презеде ама апсолутно ништо за да се обесштетат овие производители. Во една ваква  „мирна“  ситуација само комбинатите немаат време за губење, па деновиве дел од нив веќе се отпочнати да земаат податоци од кооперанти кои ќе се преточат во нови договори.

Затоа како тутунски здруженија сакаме да поставиме неколку легитимни прашања до оние институции кои моментално хибернираат, а се надлежни да ја регулираат оваа проблематика, но и до СЗЗ кои земаат пари од тутунарите и за тоа се платени.

1.Дали министерот и инспекторатот се запознати со оваа состојба на терен и дали истата е во склад со законот за тутун?

2.Го повикуваме Менде Стомнароски да излезе во јавност и да каже дали ВЕЌЕ ги добиле предлог договорите за новата реколта кои според законот најдоцна до 20ти февруари треба да ги достават откупувачите до СЗЗ?

3.Ако ги добиле, кои се ЦЕНИТЕ?

4.Ако не ги добиле, како тогаш откупувачите земаат податоци од коперантите и од кога ќе ги соберат можат да излезат со која сакаат цена на класи??!

5.Дали,кога и како ќе се обсштетат сите тутунари на кои им беше проценет тутунот и во други класи??? Очекуваме итни одговори на овие поставени прашања, а Менде Стомнароски поради парите кои што ги зема од тутунарите очекуваме под итно јавно да каже дали тутунарите треба СЕГА да даваат податоци за договори за цени кои не ги знаат?

За да не излезе онаа народната  „ПО СВАДБА ТАПАНИ“!

Личен став на  Игор Мирчески координатор на новофомираните тутунарски здруженија

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close