fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тегла домашен ајвар, само од пиперки над 400 денари

За една тегла ајвар само со пиперки без моркови и домати се трошат и до 4 килограми пиперки.

Време е за зимница, а домашниот ајвар е веќе луксуз. Луѓе кои прват домашен ајвар по нарачка велат дека тегла ајвар, чист со пиперка нема да биде под 400 денари.

„Цената е 400 денари за голема тегла. Луѓето веќе нарачуваат, секој според потребата и им праќаме по карго“, додава Гордана Соколовска за Фактор.

За една тегла ајвар се трошат и до 4 килограми пиперки.

„Цената ќе биде 350 денари за големите тегли, а малите 150 денари. Ајварката вчера на пазарот во Битола беше 70 денари. Ние правиме чист ајвар, не ставаме ни моркови, ни домати, ни модар патлиџан, само пиперки. Поубав е ајварот само со пиперки. Лани и претходната година за пријатели правевме и порачуваат по 10, 15 тегли, кој како сака. Важно пиперката е наша, чисто, природно, ние вештачки ѓубрива не користиме. Правиме само за пријатели, за нас и за нашите внуци. Помал род има пиперката годинава и квалитетот од претходните години го нема. Ние околу 20-ти, 25-ти септември правиме ајвар по нарачка за пријателите, откако ќе залади времето, затоа што на оваа температура не е пријатно да се печат пиперки, а знаеме дека за ајвар се печат поголеми количини, по 30 килограми и повеќе. За една тегла ајвар се трошат и до 4 килограми пиперки. Од органската пиперка ајварот е повкусен“, вели битолчанец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close