Температурите денеска до 25 степени!
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува.
Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд. Најстудено утрово е во Берово каде минималната температурата во текот на ноќта падне под нулата, а максималната ќе достигне 20 степени. Температурата во текот на денешниот ден ќе биде во интервал од 20 до 25 степени – информираат од УХМР.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максимална температура во текот на денот ќе достигне од 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).