fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

За увезен тутун, тетовец осуден на три години затвор за неплаќање акциза од милион евра

Тетовецот Беким Аземи (48) доби три години завор за кривичното дело „Неплаќање акциза“

Тетовецот Беким Аземи (48) доби три години завор за кривичното дело „Неплаќање акциза“. Пресудата не е правосилна. Во Основен суд Велес, тој беше прогласен за виновен и судијата Шефшет Адеми, претседател на петчлениот кривичен совет, му одреди затворска казна, но и обврска да ја врати штетата која ја предизвикал кон државата во висина од 62 милиони денари.

Обвинетиот Аземи во 2019 во два наврати, на 12 и 24 октомври, преку неговата фирма „Порто Вело“ со седиште во Велес, увезол вкупно 35.650 кила сушен тутун марка „вирџинија“ вреден 71 илјада евра. Тутунот наместо во пријавениот склад во Велес завршил на неодредена дестинација во Скопје, од каде му се губи трагата.

„Со уредна царинска декларација транспортиран е увезен од Грција со возила, со кои е дистрибуиран до Царинска испостава во Кавадарци. Откако се завршени административните работи, ги напуштил и според кажувањата на возачите, тутунот е пренесен е во Чаир наместо во пријавениот склад во Велес и пуштен во промет без да се плати акциза“, кажа обвинителката Славица Темелковски, објави СДК.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovets-osuden-na-tri-godini-zatvor-za-neplakane-aktsiza-od-milion-evra-za-uvezen-tutun/

Одбраната на обвинетиот Аземи тврдат дека стоката која е превезувана не е акцизна.

„Тутунот кој е увезен не е преработен, не е сецкан, туку суров исушен во лист и тој не подлежи на акциза. Тој така е и тарифиран во декларациите при увозот“, рече адвокатот Ангел Ѓорѓиев, бранител на обвинетиот Аземи.

Обвинетиот во своја одбрана кажа дека не се чувствува виновен.

„Не сум сторил никакво дело. Јас сум градежник и во 2019 сум увезол тутун кој ми беше одземен како долг“, кажа Аземи во завршниот збор.

Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата. Кривичната пријава во ноември 2020 ја поднесе Царинската управа на Северна Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close