вести

Тиквешки регион: Родот измрзнат, државата глува, на повидок блокади

lozje

Ако досегашните проблеми на лозарите и земјоделците од Тиквешкиот регион беше откупот на грозјето и субвенциите, сега се ниските температури и уништениот род.

Како што велат тие, родот е измрзнат 100 отсто и бараат помош од државата која досега ниту испратила комисии за утврдување на штетите, а помош немаат ниту од општинските власти.

Доколку Владата сериозно не ја сфати нивната мака, тие наредната недела планираат блокада на автопатот Скопје – Гевгелија.


 

нова.тв.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close