вести

Традиционалниот тиквешки маџун се поинтересен за туристите

Традиционалниот тиквешки маџун се поинтересен за туристите

Австриецот Роланд Димаи и неговата сопруга, Русинката Влада, во соработка со новоотвореното Туристичко информативно биро од Кавадарци, денеска го посетија семејството Галапчеви, каде тајната за подготовка на маџун се пренесува со генерации.

Им беше објаснето дека маџунот симболично започнува да се крчка уште на лозјето, затоа што за добар производ, неопходно е најпрвин здраво и квалитетно грозје. Се запознаа со мелницата за гроздови зрна и пресата, казанот во кој врие маџунот, а можеа и да дегустираат од специјалитетите по кои е познато семејството.

– Задоволство ни е што стекнавме нови пријатели и што го почувствувавме вкусот на традицијата во Тиквешијата. Слушнавме за енергетските вредности на маџунот, како и за неговите лековити карактеристики, особено за неговата способност за опоравување после заболување од жолтица, изјавија гостите за МИА.

Инаку, на изложбата на олд тајмери, која пред неколку дена се одржа во Кавадарци, Димаи се претставија со мини двосед „БМВ изета” од 1955 година со врата, која се отвора однапред заедно со воланот и предното стакло. Овој автомобил стана атракција во Кавадарци, уште пред официјално да започне изложбата.

Мини двоседот поминал илјадници километри прикачен за возило кампер, за да биде дел од забавата во најлозарскиот град во Македонија, посветена на грозјето и производите од грозје.



 

a1on

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close