fbpx
Вести

Тракторите ќе носат налепници и ќе се регистрираат на шест години

Тракторите и тракторските приколки наместо секоја, ќе се регистрираат на шест години и ќе носат налепници со кои се потврдува регистрацијата, исто како и останатите возила. Оваа новина е предвидена со измените и дополнувањата на Законот за возила, за кои вчера, на седница, расправаше Собранието, а ги предложи Министерството за економија.

traktorite kje nosat nalepnici i kje se registriraat na shest godini

 

Првично на дневен ред на собраниската седница се најде предлог за изменување на истиот закон од неколкумина пратеници од владејачката партија, но материјалот веднаш беше повлечен.

Гo повлековме нашиот предлог, бидејќи Владата има предложено измени и дополнувања на Законот за возила кои опфаќаат повеќе работи. Од наша страна, нема никаква заднина во повлекувањето на материјалот”, ни изјави вчера пратеникот Љупчо Димовски, еден од предлагачите на повлечениот текст.

Од Министерството за економија велат дека нивниот предлог се разликува од предлогот на групата пратеници по тоа што во него се вградени одредби со кои се регулира пробното возење на новите возила од автосалоните, но и користењето на пробните таблички.

“Се дефинираат условите за добивање овластување на правни лица за издавање потврди, но и таблички за пробно возење. Правните лица за производство и за пуштање во промет на возила ќе може да користат пробна пренослива метална табличка”, велат од Министерството за економија.

Од Министерството објаснуваат дека со законските измени се воведува и легализација на трактори, тракторски приколки, мобилни машини, мотокултиватори, приколки за домување, како и возила од Л категорија, која ќе трае една година од денот во влегување на овој закон во сила. Барањата за регистрација на овие возила ќе може да се поднесуваат до 31 декември 2017 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close