Тракторски натпревар за средношколци во Кавадарци
Тракторски натпревар за средношколци ќе се одржи во Кавадарци во мај, најавија денеска од Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров”.
Тракторски натпревар за средношколци ќе се одржи во Кавадарци во мај, најавија денеска од Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров”. Од училиштето што постои 66 години, информираа дека вчера биле домаќини на десетина земјоделски, ветеринарни и шумарски училишта од Македонија.
Тие, преку невладиното здружение за заштита на интересите на овие училишта Тера Фитон Анимал, ја одржаа својата годишна конференција. Се разговараше за меѓусебни тесни соработки и контакти како училишта, со желби за успеси, соопштија од училиштето.
Оттаму истакнаа дека само тесната соработка меѓу себе, стручните и професионални компетенции во училиштата помеѓу професорскиот кадар и учениците во насока на подобрување на знаењата и практичните вештини што постојат во сите стручни училишта во Македонија, ќе допринесат да се профилира и произведува едуциран кадар потребен на пазарот на трудот.
Биле презентирани извештајот за работа и можностите за вмрежување на училиштата со сродни училишта од поблискиот регион во Македонија, а бил даден и осврт на Ерасмус + проектите и на профилирање нови образовни и атрактивни профили.