fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, велат агрометеоролозите

Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури.

Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури.

Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални и овозможија непречена жетва на јачменот која е во полн ек.

-Наредната седмица, особено за викендот, се очекува мала промена на временската состојба, со благ пад на дневните температури, што би се одразило позитивно кај културите, а во понеделник со условите за повремен локален дожд, уште повеќе ќе се релаксира состојбата, особено во реоните каде врнежите би биле забележани. Во втората половина од седмицата се очекува повторно постепено покачување на температурите, кои не треба да го надминат 38-миот степен, без врнежи, па затоа препорака е да се стартува и со жетвата на пченицата, секаде каде што е тоа возможно, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Потребата од вода за пролетните окопни култури или градинарските култури останува главен приоритет, при што неопходни се наводнувања и целосно активирање на системите за таа намена.

-Високите температури на воздухот предизвикуваат и предизвикаа предвремено зреење на сезонските видови овошки, со што и нивото на шеќерните единици е намалено. Ваквите временски услови воопшто не му одат во прилог и на пчеларството, кое и оваа година е во многу незавидна состојба и ќе резултира со многу ниски приноси, предупредуваат агрометеорлозите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close