fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски до Николовски-Исплати ги субвенцииите-ако немаш закон јас ќе ти дадам копија

Наместо за својата неспособност да ја обвинуваш опозицијата ПОД ИТНО ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ да им ги исплатите субвенциите на земјоделците

Николовски доста ги лажеш земјоделците и си играш со нивната егзистенција!, пишува Цветан Трипуновски на Фејсбук
Наместо за својата неспособност да ја обвинуваш опозицијата ПОД ИТНО ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ да им ги исплатите субвенциите на земјоделците, а А АКО ГО НЕМАШ ТОЈ ЗАКОН, ЈАС ЛИЧНО ЌЕ ТИ ДОСТАВАМ КОПИЈА.
Само се чудам како немаш трошка срам сега да изигруваш жртва во интерес на земјоделците?
Кога земјоделците Ве предупредуваа и Ве молеа да ги слушнете нивните маки и да ги прифатите нивните барања, вашата инаетливост и надменост не ни им обрнуваше внимание и ТИ лично ги етикетираше дека се партиски мотивирани, дури и се дрзнавте да ги влечкате по судови затоа што си ги бараа правата, се сеќаваш?!!!
Земјоделците знаат дека Вмро Дпмне одсекогаш било и ќе биде на нивна страна и со НИШТО И НИКОГАШ нема да дозволи да бидат уценувани и потценувани и СЕ ЌЕ направи да земјоделецот ја добие почитта што ја заслужува во оваа наша Македонија.
Токму затоа не Ви палат никакви извртувања на вистината и потценување на интилигенцијата на земјоделецот.
А за да ставиме крај еднаш за секогаш за тоа кој е во право а кој лаже јавно те повикувам, одбери ден и ТВ!!!
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски,

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close