Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски до Николовски-наместо да пишуваш писма организирај откуп за зелката, краставицата, доматот и јаболката
Цветан Трипуновски со фејсбук статус
Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук му се обрати до Љупчо Николовски, министерот за земјоделие.
Се јави Љупчо Николовски откако го искешира Заев со 1.4 милиони евра, седнал да пишува писма колку е загрижен за земјоделците.
Љупчо Николовски, наместо да пишуваш писма, или да објавуваш што некој друг ти напишал, организирај откуп за зелката, краставицата, доматот и јаболката. Земи обезбеди извоз по високи цени на оризот уште од сега, светска криза е, сите земјоделски држави книжат профити, а тебе како министер произведеното ти скапува на нива. Нели ти е срам?
Мизерно и одраз на најголема неспособност е да си министер за земјоделство во ек на најголема светска криза за храна, а храната произведена од твоите земјоделци да скапува по нивите, и да не можеш да организираш пласман.
Цените на раноградинарските култури во Европа и Блискиот Исток рушат рекорди, а македонската зелка, краставици и домат скапува на нива или се продава по ниски цени.
Љупчо Николовски заедно со Заев неартикулирано викаше по митинзи дека ќе има високи откупни цени и сигурен пласман за земјоделските производи уште пред 5 години. Но и по половина деценија нема ништо од тоа.
Од година во година површините на посеви и засадени површини се намалуваат, а земјоделците наместо во Македонија одат да аргатуваат по нивите во странство. Не се проблем никакви закони, туку неспособноста на СДСМ.