fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски: Ќе има нов оглас за вработување во МЗШВ

Во наредниот период по сондажата на Министерството и согласно потребите, ќе биде распишан и ќе бидат избрани најчесните кадри без разлика на партиска, верска или каква било припадност”, изјави Трипуновски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека ќе има нов оглас за вработување што го стопирал во времето на техничката Влада.

Трипуновски ова го најави од  теренската посета на земјоделските површини во општините Тетово и Јегуновце каде имаше штети од невремето во неделата.

“Огласот за вработување го стопирав од едноставна причина, зашто беше распишан во предвечерието на формирање на техничка влада. Знаете дека власта што замина секој момент го користеше за политичка злоупотреба, манипулација, притисок, залажување на граѓаните и сметам дека секој граѓанин во државата заслужува на една транспарентна постапка да учествува и да биде избран по своите квалификации, а не по партиска припадност и затоа тој оглас го стопирав. Во наредниот период по сондажата на Министерството и согласно потребите, ќе биде распишан и ќе бидат избрани најчесните кадри без разлика на партиска, верска или каква било припадност”, изјави Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close