
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски – Младите имаат предност во доделување на земјоделско земјиште
Од наредната година, како што рече министерот ќе се воведат и дополнителни стимулативни мерки за враќање на младите брачни парови во селата и започнување на сопствен бизнис.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вели дека младите имаат предност и во доделување на земјоделско земјиште, а Владата подготви и многу мерки кои се однесуваат на младите, меѓу кои и мерката од 10 илјади евра за млад земјоделец. Земјоделското земјиште сега се дава на земјоделци кои навистина сакаат да го обработуваат и да егзистираат од него и склучени се над 2 100 договори за површина од 5.942 хектари на територијата на државата. Од наредната година, како што рече министерот ќе се воведат и дополнителни стимулативни мерки за враќање на младите брачни парови во селата и започнување на сопствен бизнис.