fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Николовски дал градежно зежјиште на брегот на Дебарското езеро, да одговори уште колку спорни договори постојат?

5174 метри квадратни метри градежна парцела во општина Дебар, Љупчо Николовски ја дава под закуп како земјоделско земјиште.

5174 метри квадратни метри градежна парцела во општина Дебар, Љупчо Николовски ја дава под закуп како земјоделско земјиште.

Николовски како прв човек на МЗШВ склучил договор со Екрем Зенго од Дебар и на 14 март со архивски број 68-77107/1 за закуп на земјоделско земјиште на 30 години за подигање на пчелни семејства и за истото е должен согласно договорот да плати годишна закупнина од 5.745 денари.

Спорно во целиот договор е тоа што  Николовски дава земјиште во градежен реон на самиот брег на  Дебарското езеро по смешна цена од 5745 денари за метар квадратен, каде што пазарната цена на истото изнесува од 50 евра па нагоре, што значи дека целата парцела би чинела над 250 илјади евра. Но, дека се работи за голема измама говори и фактот што јавниот повик 02/21 од страна на министерството што е објавен,  кој е склучен и овој договор не се однесува за општина Дебар, туку за останати општини ширум Република Македонија.

Имаме сериозно сомнение дека Николовски свесно прави кривично дело и од позиција на министер ја злоупотребува службената положба и овластување.

Почитувани,

Ова е трет спорен договор за кој што постојат сериозни идниции дека преку разработен план и шема за евтини пари се даваат градежни парцели на закуп, под превезот земјоделско земјиште, и на тој начин се отвора можност истите согласно Закон за откуп на земјоделско земјиште, кој што го турка СДС да се откупат за мала сума на пари, која и од далеку не е блиску до реалноста.

СДС и  Љупчо Николовски треба да знаат дека ниту една бледа реакција нема да ја прикрие нивната вмешаноста во овој криминал. Исклучок може да биде еден случај, но овде гледаме дека станува збор за систем на работа низ цела Македонија. На документите стои печатот и штембилот на министерството, и потписот лично од Љупчо Николовски.

Ова индицира на сериозен криминал, а институциите веќе трет ден молчат и не реагираат.
Потребно е Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да го испита целиот случај. Време е за понесување на одговорност!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close