fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиРурален туризамТоп вести

Трипуновски: Очекуваме фер откуп на тутунот и соодветна исплата за трудот на земјоделците

Почетокот на откупот на тутун е закажан за 15 ноември

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави почеток на откупот на тутун на 15 ноември, со очекување за фер проценка и исплата на трудот на земјоделците. Министерството активно ќе го следи процесот, а сите можни проблеми ќе бидат решени навремено, со цел да се поддржи секторот и производителите.

Со почетокот на откупната сезона на тутун, којa започнува на 15 ноември, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави дека очекува праведна проценка и фер исплата за трудот на тутунопроизводителите. Во комуникација со сите регистрирани откупувачи на тутун, Министерството ги спроведува последните подготовки за организиран старт на процесот.

Трипуновски ја потенцира важноста на поддршката за тутунопроизводителите и нагласи дека оваа година, иако можеби со малку намален принос, се очекува квалитетен род кој ќе ги задоволи стандардите на пазарот.

„Ќе ја следиме откупната сезона и ќе реагираме на сите предизвици“

  • „Очекувам дека оваа година ќе имаме квалитетен род, како и претходно, иако можеби ќе биде со нешто помал принос од претходните години. Сепак, се надевам дека процесот на проценка ќе биде праведен и дека тутунарите ќе добијат соодветна исплата за својот вложен труд,“ изјави министерот Трипуновски, потенцирајќи дека Министерството ќе биде активно во следењето на откупниот процес. Наша цел е да го надгледуваме откупот и да ги решиме сите можни предизвици што би можеле да настанат во текот на процесот, иако очекувам дека ќе се одвива без проблеми,“ додаде министерот, нагласувајќи дека е подготвен да обезбеди брза реакција доколку се појават потешкотии за тутунарите.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close