
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски потпиша европски гранд за мали системи за наводнување во Сопот и Новаци
Трипуновски објави дека потпишал договор за доделување директен грант со Делегацијата на ЕУ, финансиран од ИПА III програмата за 2021 година. Со овој договор обезбедуваме грант за проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“, со вредност од 4,1 милиони евра - европски средства и национално кофинансирање од 1,5 милиони евра.
Министерот Цветан Трипуновски објави дека потпишал договор за доделување директен грант со Делегацијата на ЕУ, финансиран од ИПА III програмата за 2021 година.
Со овој договор обезбедуваме грант за проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“, со вредност од 4,1 милиони евра – европски средства и национално кофинансирање од 1,5 милиони евра.
Официјално, проектот започнува на 30-ти јануари 2026 година.
Малите системи за наводнување во Сопот и Новаци ќе овозможат флексибилно и ефикасно наводнување, особено во оддалечените области.
Со ваков вид на проекти директно придонесуваме за зголемување на продуктивноста во земјоделството, одржливо управување со водата и прилагодување кон климатските промени, во согласност со целите на ЕУ и Европскиот зелен договор, објави министерот.




