fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски-Субвенциите за тутунот за бидат 100 денари по килограм

Трипуновски поднел барање до министерот Николовски и Владата да се изврши корекција на уредбата за субвенциите од директните плаќања, односно да се укине ограничувањето и сите тутунопроизводители да добијат покачување на субвенциите од 80 на 100 денари.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на работна  работна посета на општина Долнени.

Во последните денови од откупната сезона на тутунот Трипуновски оствари средби со тутунопроизводителите и посети неколку откупни пунктови, притоа информираше дека денеска поднел барање до министерот Николовски и Владата да се изврши корекција на уредбата за субвенциите од директните плаќања, односно да се укине ограничувањето и сите тутунопроизводители да добијат покачување на субвенциите од 80 на 100 денари.

Денеска поднесов барање до актуелниот министер Николовски, до Владата, да се направи корекција на уредбата за директни плаќања, односно сега стои ако реколтата надмине 15 илјади тони нема да имаат дополнителни 20 денари за килограм тутун, моето барање е субвенцијата од 80 да се поткрене до 100 денари. – изјави Трипуновски.

Со укинување на ограничувањето сите тутунопроизводители би можеле да ја добијат оваа субвенција доколку се земе во предвид тешката година која што ја имаа земјоделците.

Со мојата активност во наредниве денови ќе се обидам максимално да го следам овој случај се до исполнување, односно до укинување на ова ограничување. Дали власта ќе се одважи, дали Николовски ќе се одважи, останува да видиме во наредните денови, јас од позиција на технички министер ќе дадам се од себе за ова да успее. – заврши Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close