fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Еве што вели Трипуновски за укинување на субвенциите за тутунот

Тутунопроизводството е многу важна гранка за нашата држава, а и произведуваме многу квалитетен тутун

Препораките се едно, а тоа што ние го креираме како држава е сосема друга работа, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во врска со препораката на Светска банка за укинување на субвенциите за тутунот.

Според Трипуновски, тутунопроизводството е многу важна гранка за нашата држава, а и произведуваме многу квалитетен тутун што е многу баран од надвор.

-Владата му дава сериозен приоритет на тутунското производство, тоа го покажавме и во разговорите со сите откупувачи и земјоделски здруженија изминатиов период. Годинава имаме рекордна, највисока откупна цена на тутунот кој е наша стратешка култура, битна и од економски и од социјален аспект. Овие 400 денари се дополнети со 100 денари субвенција, има зголемување од 80 на 100 денари, или околу 500 денари ќе добие секој тутунопроизводител. Со ова покажуваме дека како Влада сме сериозно посветени да ја одржиме покрај другите и оваа земјоделска гранка што е многу важна за државата зашто произведуваме многу квалитетен тутун кој е многу баран надвор од нашите граници. Со ова што оваа година покажавме сериозна посветеност на оваа гранка, праќаме сигнал дека сакаме да го одржиме ова производство во земјава, истакна Трипуновски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Во најновиот „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и поттикнување на отпорноста“, Светска банка препорача државава да се откаже од директните плаќања за поддршка на тутунопроизводството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close