Правилна употреба на личната заштитна опрема при користење на пестицидите

(Oвој напис е објавен на: August 29, 2017)

zastita

Хемиските средства за заштита на растенијата (пестициди) се, во поголема или помала мера отровни за луѓето и животните и се поделени во четири групи: 1 група (најопасни), 2 група (многу опасни), 3 група (опасни) и 4 група (незначително опасни). Од тие причини пред почетокот на работата неопходно е да се запознаат нивните особини, мерките на претпазливост, како и начинот на давање на прва помош при труење.

Сите информации за заштитното средство (ризик, мерки на сигурност, претпазливост и прва помош) напишани се на декларација (етикета) која се наоѓа на амбалажата.

Лицата кои работаат со хемиските средства мораат да бидат опремени со лична заштитна опрема. Во лична заштитна опрема спаѓаат: ракавици, чизми, капа, заштитна облека, очила и заштитна маска.

Ракавици

  • Користете ракавици кои се отпорни на заштитни средства како што се гумените.

  • Не користете гумирани ракавици со постава затоа што заштитните средства не можат лесно да се одстранат од ткаенината.

  • Никогаш не користете кожни или памучни ракавици кога ракувате со заштитни средства.

  • Пред употреба на заштитните средства прочитајте го упатството за користење на заштитната опрема.

  • Ракавите од работната кошула носете ги секогаш надвор од ракавиците за да го спречите заштитното средство од влегување во ракавиците.

  • Ракавиците кои се користат за ракување со заштитни средства да не се користат за ниедна друга намена.

  • Ракавиците мора да бидат неоштетени, бидејќи во спротивно пружаат недоволна заштита.

  • После употреба, ракавиците треба да се исперат додека се на рацете, а потоа оставетеги да се сушат на засенчено место.

Чизми

  • Носете гумени чизми кога ракувате со заштитни средства.

  • Не користете кожни или платнени обувки затоа што тие ги апсорбираат заштитните средства.

Не ги ставајте ногавиците на панталоните во чизмите затоа што можат да ги пренесат заштитните средства во чизмите.

Капа

  • Капата треба да биде од непропуслив материјал, а се користи првенствено при хемиско третирање на овошните култури.

  • Кожна или текстилна капа не смее да се употребува затоа што апсорбира пестициди.

Заштитна облека

  • Носете работна облека со долги ракави и долги панталони кои се густо исткаени.

  • Кога ракувате со концентрирани заштитни средства или високо токсични заштитни средства носете лесен мантил за дожд или отпорна на заштитни средства престилка како додатна опрема.

Заштита на очите

  • Многу заштитни средства се корозивни за очите, а очите се јак апсорбент на заштитни средства.

  • Во тек на мешањето на заштитните средства или нивната примена носете очила или заштитна маска.

  • Очилата после употреба треба да се исперат и да се сушат во ладно.

Заштита на дишните патишта

  • Белите дробови се јаки апсорбенти на заштитни средства.

Секогаш следете ги инструкциите во упатството кои се однесуваат на респираторната заштитна опрема.

  • Важно е заштитната маска да е со соодветна големина за да обезбеди добра прилепеност.

  • Долги зулуфи, брада или наочари го оневозможуваат правилното прилепување на маската.

  • Заштитната маската дава потполна заштита на целото лице.

  • Исправно поставена заштитна маска се контролира со затворање на филтерот а како последица на тоа е невозможноста за дишење.

  • Филтерот се чисти после секоја употреба.

  • Сменете го филтерот секогаш кога ќе почуствувате дека дишењето станува отежнато.

  • Исперете ја заштитната маска и филтерот за дишење со топла вода и детергент и исплакнете го со чиста вода за да ги одстраните сите траги на детергент.

Одржување на личната заштитна опрема

Одржување на работната облека

  • Ако течен концентрат на заштитно средство се истури на облеката уништете ја истата. Перењето нема да ги одстрани доволно заштитните средства и да ја направи облеката безбедна за носење.

  • Перете ја веднаш по употреба контаминираната (загадена) облека и одделно од другите алишта.

  • Складирајте ја облеката која ја носите за работа со заштитни средства одделно од другата облека.

  • Кога ракувате со контаминирана (загадена) облека од заштитни средства секогаш носете гумени ракавици.

  • Колку подолго време е оставена контаминираната (загадена) облека толку потешко се одстрануваат остатоците од заштитните средства.

Процедура на перење

  • Контаминираната (загадената) облека исплакнете ја или потопете ја во буре со вода или посебен сад и промешајте ја пред да го почнете регуларниот циклус на перење. Овој начин е поефикасен за одстранување на заштитните средства, особено хигроскопни прашкови, отколку перење без предперење.

  • Користете топла или врела вода, никогаш ладна.

  • Треба да се користат силни детергенти за перење на контаминираната (загадена облека

  • Не ја носете контаминираната (загадена) облека на хемиско чистење зашто ќе ја загади и другата облека.

Употребата на опремата за лична заштита можеби е неудобна, но треба да се биде свесен, бидејќи недоволно се знае за последиците со долгорочна изложеност на работниците со хемиските средства со кои тие ракуваат.

 

Советник во АПРЗ Петар Трајковски