
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски вели од земјоделските здруженија ја добил поддршката за реформите што ги започнал
Нашиот фокус е финансиската поддршка да биде насочена кон вистинските земјоделци, до луѓето што реално произведуваат и го движат аграрниот сектор.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вчера оствари средба со земјоделските здруженија. Министерот вели дека добил поддршка земјоделските здруженија за реформите во земјоделскиот сектор.
-Од земјоделските здруженија ја добив поддршката за реформите што ги започнавме.
Нашиот фокус е финансиската поддршка да биде насочена кон вистинските земјоделци, до луѓето што реално произведуваат и го движат аграрниот сектор.









