Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски: Владата ги остави земјоделците без вода за наводнување на земјоделските земјиште
Цената за наводнување зголемена за скоро 70 %
На покана од земјоделците Ерџелија и Мустафино денеска Цветан Трипуновски, претседател на републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше со нив да дадд поддршка за проблемот со водата за наводнување.
„Во услови кога браната Калиманци е полна до прелив, илјадници хектари земјоделско земјиште остануваат без вода, иако Владата и МЗШВ најавуваа дека ќе има вода, во реалноста тоа не е така.
Она што е уште поалармантно, наместо Владата, МЗШВ, АД Водостопанство да донесе вода на полињата, тие на седница на Влада донесоа одлука да ја зголемат цената за наводнување за речиси 70% повисока“, рече тој.